ВИДЕО: Челси, Фулам и Мидлсбро во полуфиналето во англискиот Лига куп

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Фудбалерите на Мидлсбро се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако со 3:0 на гостински терен го елиминираа Порт Вејл.

Стрелци на головите за Мидлсбро беа Хосон во 11, Роџерс во 23 и Крукс во 53 минута на стадионот „Вејл Парк“.

Фулам водеше од 41 минута по автоголот на Кин на гостувањето кај Евертон. Домаќините израмнија во 82 минута благодарение на погодокот на Бето.

Во пенал серијата славеа играчите на Фулам со 7:6, при резултат 6:6, за Евертон не реализираше Геје, а за гостите решавачкиот погодок од белата точка го реализираше Арадабиојо.

Пеналите беа среќни и за Челси кој со 4:2 на својот „Стемфорд Бриџ“ го исфрли Њукасл. Гостинската екипа беше во предност од 16 минута со голот на Вилсон, Њукасл беше многу блиску до победата, но тоа го спречија „сините“ со голот на Мудрик во 92 минута.

За Челси сите играчи беа прецизни (Палмер, Галагер, Нкунку и Мудрик), а за Њукасл реализираа Вилсон и Гимараеш, но не и Трипиер и Ричи.

Последниот патник во полуфиналната фаза од ова куп натпреварувањето ќе го дознаеме в среда кога Ливерпул на „Енфилд“ ќе го пречека Вест хем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот