ВИДЕО | Лиле Лиде сними песна посветена на министерот за здравство: „Лиде на Венко“ е новиот хит

Instagram
Instagram

Македонската јавност Лиде Лиле ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја позната како Лиде Лиде, денес на својот официјален ЈуТјуб канал објави песна со наслов „Лиде на Венко“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)

Лиде е потпишана и како авторка на текстот и музиката на новиот хит кој е снимен во студиото на Димитар Маневски.

Имено, Лиде долго време беше редовна во делот за коментари на бројните прес – конференции на министерот, која честопати инсистираше на средба со Филипче, а таа средба се оствари неодамна, сосема случајно според изјавите на Лиде.

Додека министерот бил на кафе пауза, Лиде добила „дојава“ од нејзина блиска пријателка дека Венко се наоѓа во едно скопско кафуле по што Лиде решила да дојде до кафулето и на нејзина голема желба конечно да се запознаат.

Нивната заедничка фотографија се најде и на социјалните мрежи.

ФОТО | На Лиде Лиде конечно ѝ се исполни желбата: Го запозна министерот за здравство Венко Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот