ФОТО | На Лиде Лиде конечно ѝ се исполни желбата: Го запозна министерот за здравство Венко Филипче

Жената која се прослави на социјалните мрежи откако почна пандемијата на коронавирусот во Македонија позната како Лиде Лиде конечно успеа да го запознае министерот за здравство Венко Филипче.

Македонската јавност Лиде ја памети по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.

Имено, Лиде долго време беше редовна во делот за коментари на бројните прес конференции на министерот, која честопати инсистираше на средба со Филипче.

Во една прилика, кога министерот гостуваше во емисија на „21тв“ беше прашан дали конечно ќе се сретне со неговата обожавателка Лиде Лиде. Тогаш Венко вети, а очигледно и остана доследен на своето ветување.

Лиде Лиде на социјалните мрежи се пофали со фотографијата во чиј опис напиша: „Конечно го сретнав“.

На фотографијата се забележува дека иако не држат премногу растојание, сепак носат заштитни маски. Особено е интересна заштитната маска на Лиде Лиде на која пишува „Лиде Венко“ со што уште еднаш покажа дека е негов вистински обожавател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот