ВИДЕО | Лилард погоди кога беше најпотребно и донесе победа за Милвоки
Кошаркарите на Милвоки полека ја креваат формата во НБА-лигата и изминатата ноќ стигнаа до третата победа во четири натпревари откако беа подобри од Хјустон со 101:100.
Препорачано
Херој за домаќините беше Демијан Лилард кој го постигна победничкиот кош на помалку од четири секунди до крајот. Немаше Лилард добра шутерска вечер и средбата ја заврши со шест погодени удари од 18 обиди, но целиот впечаток го поправи со победничките поени. Но, исто така додаде и десет асистенции.
Во текот на натпреварот видовме неколку пресврти и двете екипи се менуваа во водството, а на две минути пред крајот Хјустон имаше предност од 95:100, но не успеа да ја задржи бидејќи Милвоки со серијата од 6:0 направи пресврт.
Најдобар во редовите на Милвоки беше Брук Лопез со дабл-дабл од 27 поени и 10 скока, додека Јанис Адетокумбо постигна 20 поени и запиша 13 скока. На спротивната страна Ван Влер уфрли 26 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Чикаго 112-122
Мајами – Филаделфија 106-89
Њујорк – Вашингтон 134-106
Торонто – Индијана 130-119
Милвоки – Хјустон 101-100
Феникс – Орландо 99-109
Сакраменто – Атланта 108-109
ЛА Клиперс – Голден Стејт 102-99


