Дембеле и Кварацхелија/PSG

ВИДЕО | Ленс немоќен во дербито, ПСЖ по 14. пат е шампион на Франција

Пари Сен Жермен и официјално е нов шампион на Франција, откако во дербито од 33. коло во Лига 1 славеше на гостувањето кај Ленс со 2-0 и математички ја обезбеди титулата.

„Светците“ поведоа во 29. минута кога Осман Дембеле одлично асистираше до Хвича Кварацхелија, а грузискиот офанзивец рутински ја затресе мрежата на домаќините за водство од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави младиот Мбаје во судиското продолжение, по што можеше да започне големото славје на парижаните.

Со овој триумф ПСЖ стигна до 76 бодови и создаде недостижна предност од девет бода во однос на второпласираниот Ленс, кој остана на 67 бодови, па така коло пред крајот на сезоната ја завери 14. шампионска титула во клупската историја.

ПСЖ сега ќе се насочи кон финалето во Лигата на шампионите, каде на 30 мај во Будимпешта ќе игра против Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот