ВИДЕО: Леброн со пораз се врати на терените во НБА

Бостон го доби дербито на двете најтрофејни екипи во НБА лигата/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Пресметката помеѓу двете најтрофејни екипи во НБА лигата му припадна на Бостон селтикс кој со 130:108 го победи ЛА Лејкерс.

На Лејкерси не им помогна ниту Леброн Џејмс кој се врати на терените по двонеделната пауза, тој одигра  добро но недоволно да го спречи поразот на својот тим. Џејмс за 32 минути постигна 23 поени, а Ентони Дејвис даде 31 поен кај Лејкерси.

Сепак, ѕвезда на вечерта во ТД Гарден беше Џејсон Тејтум кој натпреварот го заврши си 37 поени и 11 скокови. Голема помош имаше во Маркус Смарт кој имаше учинок од 22 поени, осум скокови и шест асистенции како и Денис Шрудер кој даде 21 поен.
Бостон со скор 8-8 е осми во Источната конференција, а истата позиција ја има и Лејкерс на Западот но со скор 8-9.


Бруклин нетс (12-5) со 115:113 го совлада Орландо меџик (4:12) во дуелот на најдобриот и најлошиот тим во Источната конференција. Натпреварот помина во знакот на Џејмс Харден кој беше на работ од трипл-дабл со 36 поени, 10 скокови и осум асистенции. Популарната брада дури 19 поени постигна од линијата за слободни фрлања. Одличен беше и Пети Милс со 22 поени, додека кај Орландо Џејлен Сагс беше најдобар со 21 постигнат поен.


Најдобриот тим во НБА лигата, Голден Стејт (14-2) беше подобар од Детроит пистонс (4:11) со 105:102 иако настапи без дури четворица клучни кошаркари, Стеф Кари, Дрејмонд Грин, Андре Игудала и Ото Портер јуниор. Улогата на реализатори ја презедоа Џордан Пул со 32 поени и Ендрју Вигинс кој даде 27 поени.

Денвер нагетс (9-7) кој не можеше да смета на својот најдобар играч Никола Јокиќ, е поразен со 114:108 од Чикаго булс (11-5). Ова беше трет пораз по ред за Денвер. Зек Лавин со 36авин со 36 поени му ја донесе третата победа во последните четири натпревари на својот тим.

Резултати:
Шарлот – Индијана 121:108
Детроит – Голден Стејт 102:105
Бостон – ЛА Лејкерс 130:108
Бруклин – Орландо 115:113
Милвоки – Оклахома 96:89
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 94:81
Денвер – Чикаго 108:114
Феникс – Далас 112:104
Сакраменто – Торонто 89:108

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот