ВИДЕО | Лавина од кал и камења затрупа пат во Колумбија, најмалку 18 мртви

Колумбија амбиланта / Фото EPA/John Jairo Bonilla

Голема природна катастрофа се случи вчера во северозападна Колумбија откако дел од планина се откина по обилните дождови и се свлече врз еден пат, предизвикувајќи смрт на најмалку 18 лица, додека други 30 се повредени. До лизгање на земјиштето во близина на градот Кармен де Атрато.

Локалните спасувачи очекуваат бројот на загинати и повредени да се зголеми.
Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека возила чекале на фрекфентен пат што ги поврзува градовите Меделин и Квибдо, јавуваат колумбиските медиуми.

Луѓето останаа заробени во своите автомобили под лавината од кал и камења што се урнаа врз нив.

Снимка од драматичниот момент, објавена на социјалните мрежи, покажува дека лицата во возилата немале шанса да избегаат.
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека владата ќе ја обезбеди сета неопходна поддршка, опишувајќи го настанот на социјалните мрежи како „страшна трагедија“.

Хаиме Херера, градоначалникот на Кармен де Атрата, изјави за локалната телевизија дека се верува дека некои луѓе сè уште се заробени под одронот.

Надлежните најавија дека ќе почнат операција за потрага по исчезнатите.

Министерството за одбрана известува за големи врнежи од дожд во областа, што ги отежнува спасувачките операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот