ВИДЕО: Купувач истепа касиер во КАМ маркет зашто му побарал да стави маска

Фото: Фејсбук

Купувач нападнал касиер во КАМ маркет, затоа што овој му кажал да стави заштитна маска. Настанот е видео документиран, а го објави А1 он.

Дваесет и двегодишниот касиер во МВР пријавил дека во 16 часот и 50 минути, додека ги извршувал своите работни задачи, триесетгодишен маж влегол да пазари во маркетот на КАМ во Центар и не носел заштитна маска. Колешка на касиерот го замолила купувачот да стави маска, по што купувачот им се нафрлил на двајцата.

На видеото снимено со телефон се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а неговите колешки се обидуваат да го оттргнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот