ВИДЕО: Кулушевски го враќа Тотенхем на победничките патеки

Дејан Кулушевски („Тотенхем“)/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Фудбалерите на Тотенхем забележаа нова победа во Премиер лигата во рамките од 17 коло на гостински терен против Нотингем со 2:0.

Непосредно пред крајот на првото полувреме гостинот дојде до предност со голот на Ришарлисон (45+2`).

Во 58 минута домаќините успеаја да постигнат гол преку Еланга, но истиот беше поништен поради офсајд по ВАР снимката.

Во 65 минута асистентот на првиот погодок Швеѓанецот со македонско потекло Кулушевски од непосредна близина го постави конечниот епилог.

Иако од 70 минута Тотенхем играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Бисума, успеаја до крајот да ја задржат позитивата.

Тотенхем моментно е петтопласиран со 33 бодови, колку што има и четвртопласираниот Манчестер сити, со напомена дека „граѓаните“ имаат меч помалку. Нотингем после деветтиот пораз сезонава се наоѓа на 16 место со 14 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот