фото: EPA-EFE/STR

ВИДЕО: Кристијано Роналдо го урна рекордот на легендарниот Герд Милер

Во второто коло од Арапскиот куп Ал-Наср од Саудиска Арабија славеше со резултат 1:4 на гостувањето кај тунискиот Монастир.

По првото полувреме водеше Монастир од 42 минута со голот на Талиска, едно од новите засилувања на тимот.

Домаќините израмнија по автоголот на Ал Кујами во 66 минута, а за 1:2 се погрижи Кристијано Роналдо (74`). Португалецот со глава ја затресе мрежата на Монастир со што го урна рекордот на легендарниот Герд Милер.

За Роналдо ова беше 145 гол со глава во кариерата, сега има еден повеќе од Германецот. Трет на листата е Шпанецот Карлос Сантиљана (125), а четврти Бразилецот Пеле (124).

Останатите два погодоци за Ал-Наср беа дело на Ал Амри во 88 и Ал Алива во 90 минута. Моментно по две одиграни кола во групата „Ц“ Ал-Наср и Ал-Шабаб (Саудиска Арабија) имаат по четири бодови, египетскиот Замалек три, а Монастир ниту еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот