ВИДЕО: Косовската полиција ги затвори премините кон Србија, блокадите создадоа километарски колони

Фото: Јутјуб/Косово Онлајн / принтскрин

Атмосферата вечерва и натаму е напната на северот на Косово, каде локалните Срби се собираат и блокираат патишта во знак на протест против новите административни мерки со кои Приштина повеќе нема да ги признава српските лични карти и регистарски таблички на косовските жители.

Во Северна Митровица од попладнево без престан завиваат сирени за узбуна, а сообраќајна блокада со паркирани камиони и други возила има на повеќе патишта, како и на преминот Јариње од правец на Рашка во Србија.

Косовската полиција околу 19 часот соопшти дека ги затворило за сообраќај премините Брњак и Јариње кон Србија, поради блокади на патиштата што водат до нив.

„Косовската полиција ја затвори границата за патнички сообраќај и возила на граничните премини Брњак и Јариње, поради блокирање на патиштата во правец на граничните премини Јариње и Брњак. Се известуваат сите граѓани за сообраќај да ги користат другите гранични премини. се вели во соопштението.

На патиштата околу премините се создадоа километарски колони од двете страни.

Полицијата исто така соопшти дека причина за собирите и за блокадите на патиштата била лажна вест која се проширила меѓу српските жители на северно Косово дека кон нивните градови и села се упатуваат специјалните сили на косовската полиција.

Видео на денот