ВИДЕО: Кошаркарите на Црвена звезда после драма поразени од Барселона во Евролигата

Момент од натпреварот Барселона - Црвена звезда/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Кошаркарите на Црвена звезда се поразени на гостувањето кај екипата на Барселона со резултат 86:81 во натпреварот од седмото коло од Евролигата.

Најдобар во тимот на Барселона беше Џабари Паркер со 18 поени и четири скока, додека Вили Ернангомез додаде 18 поени и четири скока.

Во тимот на Црвена звезда се истакна Лука Митровиќ со 22 поени и шест скока.

Барселона во текот на првото полувреме го контролираше резултатот во своја корист, во еден момент од втората четвртина имаше и предност од „плус 17“ (42:25).

Таквата голема предност белградските „црвено-бели“ почнаа со сета сила да ја топат во третата четвртина, и пред стартот на последните 10 минути Барселона водеше со само 65:62.

Црвена звезда стигна и до нерешени 78:78, но кога беше најпотребно попушти концентрацијата во решавачките моменти, Барселона тоа го искористи и на крајот триумфираше со 86:81.

Се одиграа уште два меча во петокот: Алба Берлин – Панатинаикос 85:99, Монако – Лион Вилербан 80:70.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот