Фото: Screenshot

ВИДЕО: Комичен пенал во Суперлигата на Србија предизвика бурни реакции

Судијата Милан Илиќ се најде во центарот на вниманието поради спорна одлука која ја донесе на натпреварот помеѓу нишки Раднички и Текстилац во српската Суперлига. Илиќ досуди пенал кој брзо се прошири низ фудбалската јавност во регионот предизвикувајќи бројни реакции и сомнежи во регуларноста.

Инцидентот се случи по дуелот меѓу Луковиќ и Гемовиќ, при што судијата покажа на белата точка, иако на снимките е јасно дека контактот доколку воопшто го имаше беше минимален. Гостинската екипа побара проверка преку ВАР технологијата, но таа ја немаше и пеналот беше потврден.

Најстрогата казна ја реаализираше Триванте Стјуарт, што беше доволно за победа од 1-0 за домашниот тим, но и доволно да се остави дамка на ова коло во српскиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот