ВИДЕО | Која ќе биде личност на годината на „Тајм“? 10 личности се во трка, погледнете го потесниот список

Кејт Мидлтон / Доналд Трамп/ Навални / Фото: Printskrin / Instagram EPA-EFE / JIM LO SCALZO EPA-EFE / RONALD WITTEK

Магазинот „Тајм“ ја објави листата на кандидати на кои размислува за титулата „личност на годината“.

Утринава во емисијата „Ен-би-си тудеј“ беа откриени имињата на 10-те кандидати за личност на годината за 2024 година, а победникот ќе биде објавен в четврток.

Десет кандидати кои беа избрани за финалисти за „личност на годината“:

– Камала Харис
– Кејт Мидлтон
– Илон Маск
– Јулија Навални
– Бенјамин Нетанјаху
– Џером Пауел
– Џо Роган
– Клаудија Шејнбаум
– Доналд Трамп
– Марк Закерберг



Од 1927 година, списанието „Тајм“ ја избира личноста, групата или концептот што имало најголемо влијание, добро или лошо, на светот во претходните 12 месеци.

Минатата година титулата ја понесе пејачката Тејлор Свифт, а некои од претходните добитници се украинскиот претседател Володимир Зеленски (2022), Илон Маск (2021) и Барак Обама (2012 и 2008 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот