ВИДЕО | Кемал Муриќ: Ова не е политички протест, ние сме обични смртници
Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ веќе втор ден протестираат со радикални блокади на три важни крстосници и неколку главни булевари во Скопје.
Препорачано
По вчерашната изјава на телевизиско гостување на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, дека Владата има инструменти за отстранување на блокадите од страна на приватните превозници во Скопје, еден од превозниците на „Слобода превоз“, Кемал Муричиќ, во изјава за „Слободен печат“ истакна дека најуредно го имаат најавено овој протест, но и дека немаат намера на било кој начин да им се спротивстават на институциите во случај тие да се одлучат да преземат дополнителни мерки.
– Ристо Пенов беше градоначалник на Скопје, тој многу добро знае дека вакви протести му се случија и нему. Ние како граѓани на оваа држава го користиме нашето демократско право, но доколку сметаат дека треба да не блокираат и да ни го скратат правото на протестирање, тогаш немаме намера да им се спротиставиме. Сакам да укажам дека овој протест не е политички, ние сме само обични смртници, кои се бориме за нашите плати од кои егзистенцијално зависат нашите семејства“, потенцираше Муриќ за „Слободен печат“.
Целосната изјава на Кемал Муриќ можете да ја проследите на следното видео:


