Фото: EPA/LORENZO CATTANI

ВИДЕО | Јувентус убедлив на гостувањето кај Парма во Серија А

Фудбалерите на Јувентус ја победија Парма со 4:1 на гостински терен вечерва, во натпреварот од 23 коло од италијанската лига.

Клубот од Торино поведе во 15 минута преку Бремер, а во 37 минута Вестон МекКени зголеми на 2:0.

Парма ја намали разликата по автоголот на Андреа Камбијазо во 51 минута, а Јувентус последователно ја потврди победата со головите на Бремер во 54 минута и Џонатан Дејвид во 64 минута.

Јувентус можеше да постигне и петти гол, но голот на Лоис Опенда во втората минута од судиското продолжение беше поништен поради офсајд.

Јувентус е на четвртото место во Серија А со 45 бода, еден бод зад третопласираниот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и два зад второпласираниот Милан, кој има натпревар помалку.

Парма, по четвртиот натпревар по ред без победа во првенството, се наоѓа на 16 место со 23 бода. Во следното коло, Јувентус е домаќин на Лацио, додека Парма е на гости кај Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот