ВИДЕО: Јута го врати брејкот, Нуркиќ го запре Јокиќ

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) им правеше огромни проблеми на играчите на Мајами хит/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Кошаркарите на Портланд треилблејзерс израмнија на 2:2 во победи против Денвер нагетс во плеј-офот откако во четвртиот натпревар славеа со 115:95.

Главна причина за убедливиот пораз на Денвер е слабата партија на најдобриот играч на тимот, Никола Јокиќ кој постигна само 16 поени и имаше девет скокови. Но, и со вакво издание, Јокиќ беше најпрецизен играч во својот тим што доволно говори колку лошо одигра целиот тим на Денвер.
Голем удел во триумфот на Портланд има центарот Јусуф Нуркиќ кој одигра одлично против Јокиќ во одбраната, додека во нападот даде 17 поени, а најпрецизен беше Пауел со 29 поени.

Јута џез со 121:111 го совлада Мемфис гризлис  и поведе со 2:1 во серијата.
Донован Мичел одлично одигра во последната четвртина кога постигна 10 од своите 29 поени во вториот натпревар по враќањето од повредата поради која пропушти 17 натпревари.
Победникот беше одличен во последната четвртина, прво Мемфис со серија од 13:2 дојде до водство од 107:105, но Јута експресно одговори со своја серија од 14:2 со која ги реши дилемите околу победникот.
Покрај Мичел, одлична партија прикажаа и Руди Гобер со 15 поени и 14 скокови и Бојан Богдановиќ кој даде 15 поени, додека кај Мемфис Џам Морант даде 28 поени, а Дилон Брукс 27 поени.

Филаделфија во третиот натпревар го декласира Вашингтон со 132:103 и дојде на само една победа од пласман во следната фаза во плеј-офот. Најдобар кај Филаделфија беше Џоел Ембид со 36 поени, од кои 25 даде во првото полувреме. Покрај него Тобајас Херис уфрли 20 поени, додека кај Вашингтон најдобар беше Расел Вестбрук со 26 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот