ВИДЕО: Јута го урна НБА рекордот во тројки, Лејкерси прокоцкаа „+17“!

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Лидерот во Западната конференција Јута ја забележа 25 победа доцна синоќа во НБА лигата откако со конечен резултат 132:110 го совлада Шарлот.

Мичел ги водеше „џезерите“ на патот кон нов триумф со 23 поени (осум асистенции), разположени беа и неговите тимски колеги Инглс и Нианг со по 21 поен, а истиот учинок на спротивната страна за Хорнетси го имаа уште Хејворд и Бол (седум скока).

Интересен е податокот кој вели дека Јута на овој меч стана најбрзата екипа која реализираше 500 тројки во една сезона, а затоа им беа потребни само 31 натпревар и така поставија нов рекорд.

Доста интересно беше во „Стејплс“ центарот, иако во третата четвртина Лејкерси имаа највисоки „+17“ (70:53) предност на дуелот против Вашингтон, на крајот изненадувачки истата беше анулирана, а во продолженијата Визардси славеа со 124:127.

Најрасположени во победничките редови беа Бил со 33 поени (седум скока, шест асистенции) и Вестбрук со 32 поени (14 скока, девет асистенции)..

За тимот од Лос Анџелес доминираше Џејмс со 31 поен (девет скока, 13 асистенции), следен од Харел со 26 поени (девет скока).

НБА, резултати –

Хјустон – Чикаго 100:120

Далас – Мемфис 102:92

Оклахома – Мајами 94:108

Феникс – Портланд 132:100

Јута – Шарлот 132:110

ЛА Лејкерс – Вашингтон 124:127 (после продолженијата)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот