ВИДЕО | Јовановски од ЗХГ: Ќе се знае кој ќе загадува, а скопјани ќе учествуваат во изработка на „градски пасош“

Горјан Јовановски, ЗХГ ? Утрински брифинг
Горјан Јовановски, ЗХГ / Утрински брифинг

Граѓаните на Скопје ќе имаат можност да учествуваат во изработка на градски пасош. Тоа ќе може да го сторат со собирањето податоци и креирање визијата за градот, преку алатката „Мој град“.

Иницијативата е на „Зелен хуман град“, а целта како што велат од таму е да се прикаже кои делови од Скопје се квалитетно урбанизирани, а кои не се.

На оваа тема во продолжение разговаравме со Горјан Јовановски, советник во Град Скопје од иницијативата „Зелен хуман град“.

– Земајќи ја законската обврска дека секои 10 години треба да имаме еден генерален урбанистички план, којшто дава еден план како треба да изгледа нашиот град во наредните 10 години, но пред да го направиме тој ГУП, мора да имаме визија како сакаме ние Скопје да изгледа. И тоа не само во наредните 10, 20, 50, па можеби и во наредните 100 години, вели Горјан Јовановски.

За да знаеме како би изгледало Скопје, треба да ја знаеме и моменталната состојба на секоја градска четврт во нашиот град.

– Целата идеја потекнува од презентација која што ни беше прикажана од страна на урбанисти, архитекти од Република Бугарија кои беа поканети тука на дводневна работилница која се оддржа од страна на „Зелен хуман град“ минатата недела и со помош на оваа работилница добивме идеја како тие во Софија го имаат работено ова, како ги имаат собрано овие податоци, како имаат добиено идеја кои квартови, кои градски четврти се подобро урбанизирани и развиени, кои не се и каде треба да се стави акцент со помаш на, и ГУП-от, а потоа и на ДУП-от во општините за тоа да се помогне, изјави за Утрински брифинг Јовановски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот