ВИДЕО | Јовановски: Градоначалникот на Ѓорче Петров целата општина ја претвори во огромна депонија

Јовановски со видео порака до градоначалникот Стојкоски на Ѓорче Петров: Целата општина ја претвори во огромна депонија заради личен профит/Фото: Скриншот/Фејсбук

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров Кристијан Јовановски алармира дека градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски целата општина ја направил една голема депонија иако пред да дојде на функцијата им ветил на граѓаните дека проблемот ќе го решава брзо и одлучно.

-Ова зад мене е приватен имот во Орман во близината на реката Лепенец претворен во дива депонија, каде што товарни возила истураат токсичен и канцероген отпад. Истотака и општински камиони ја полнеле оваа дива депонија со ѓубре, нагласува Јовановски во видеото објавено на Фејсбук, снимено покрај дива депонија.

Јовановски потсети на објавата на Фејсбук на Стојкоски од август 2021 година пред да стане градоначалник на општината Ѓорче Петров каде тој потенцира дека постојат видео снимки на кои се гледа како камион во сопственост на општината депонира отпад на нелегална депонија и најавува брзо решавање на овој проблем кој го загрозува здравјето на граѓаните.

-Ова е објава на градоначалникот Александар Стојкоски пред да биде градоначалник, но денеска откако ја извршува оваа функција, од него немаме никаква реакција, ниту еден пишан збор за видеата кои пред некој ден се објавија на кои се гледа како општинските камиони депонираат отпад во нелегалната депонија во Орман, што потврдува дека Стојкоски едно зборува кога е во опозиција а сосема друго прави кога ја практикува власта. Наместо како што ветуваше, брзо и одлучно решавање на проблемите со дивите депонии единствено што направи е брзо претворање на целата општина во една огромна депонија во името на личниот профит, штетно по здравјето на граѓаните, реагира Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот