ВИДЕО | Јорданова: Бројот на жените кои сакаат да почнат свој бизнис расте

Верица Јорданова од Иновативност
Верица Јорданова, Иновативност / Утрински брифинг

Тотално сум против претприемаштвото да се дели на женско и машко, меѓутоа искуството последните неколку години ми даде поунаква перспектива, оваа тема на секаде во светот сае зборува за жените во бизнисот, вели за Утрински брифинг Верица Јорданова од Иновативност.

-Во земјоделието, жените кои што се доминантни во производството на храна имаат проблем со развивање на бизнисот особено што тие не се сопственички на имот, па дали ќе ја развиваат идејата, зависи од тоа дали ќе им биде дозволено од сопрузите, родителите кои пак се сопственици да го користат сопственото земјиште, вели таа.

Во македонските компании процентот на жени кои управуваат со водечки функции во компаниите е многу мал некаде околу 5 проценти.

-Пандемијата покажа дека подеднакво успешно и продуктивно може да се работи од дома, па со измените на законот се предвидува поголема шанса да им се даде и на жените. Целта е да се создаде поголем поубав амбиент жената да се чувствува покомотно на работното место. Ова е воопштено кажано, на терен бројот на жените кои имаат порив да започнат бизнис расте, вели Јорданова.

Според мене најдобри тимови се мешаните и млади и повозрасни и мажи и жени. Новата генерација на претприемачи што доаѓа очекувам да ги промени сегашните поставености во оваа насока, вели за Утрински брифинг, Верица Јорданова од Иновативност.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот