ВИДЕО: Јокиќ го носеше Денвер до победа, Милвоки го прегази Мајами

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) е голем фаворит според обложувалниците за МВП наградата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Денвер нагетс израмни во плеј-оф серијата во Западната конференција против Портланд, додека Милвоки поведе со 2:0 во победи против Мајами хит. Предводен од Никола Јокиќ, Денвер славеше со 128:109 и израмни на 1:1 во победи против Портланд.
Портланд со тројка го отвори натпреварот, но веднаш дојде одговор до Денвер кој во прватата четвртина имаше дури и 13 поени предност. Натпреварот продолжи во идентитечен ритам и во втората четвртина. Се што не му успеше во првиот, Денвер го реализира во вториот натпревар и предноста ниту еднаш не ја испуштија, а дојдоа и до +17 поени, за на одмор да се замине со 12 поени предност за домашниот тим.

Единствено нешто што беше поинаку во второто полувреме и предоста која кошаркарите на Денвер ја имаa, а таа изнесуваше и +20 поени за на крајот да триумфираат со конечни 129:108.
Никола Јокиќ одигра фантастично и беше најдобар во својот тим со 38 поени, осум скокови и пет асистенции. Мајкл Портер постигна 18 поени, Пол Милсап 15, а Арон Гордон даде 13 поени. На Портланд не му помогна ни одличната игра на Демиен Лилард кој постигна 42 поени.

Во Источната конференција, Милвоки бакс го прегази Мајами хит со 132:98 и поведе со 2:0 во победи во плеј-оф серијата.
Сите дилеми на натпреварот беа решени уште во првата четвртина која кошаркарите на Милвоки ја добија со 46:20, по што во остатоткот од натпреварот ја продолжија својата доминација. Јанис Адетокумпо со 31 поен, 13 скокови и шест асистенции беше најдобар кај Милвоки, Брајан Форбс даде 22 поени, А Крис Мидлтон 17 поени, додека кај Мајами Двејн Дедмонд постигна 19 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот