Фото: Screenshot

ВИДЕО: Јамал објави снимка од соблекувалната, но можеби му направи проблем на Шчесни

Прославата на Барселона по победата над Реал Мадрид со 3-2 во финалето на шпанскиот Суперкуп брзо се пресели и надвор од теренот, а еден детал од соблекувалната привлече посебно внимание во јавноста.

Ламине Јамал ја снимаше атмосферата од славјето на соиграчите преку Инстаграм, овозможувајќи им на навивачите поглед зад сцената од големата прослава на стадионот во Џеда. Додека камерата се движеше низ соблекувалната, во еден момент накратко во кадарот се појави полскиот голман Војчех Шчесни со цигара во раката.

Јамал веднаш сфати што се случило и со насмевка брзо ја сврте камерата, но веќе беше предоцна. Снимката се прошири на социјалните мрежи и за кратко време стана вирална.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот