ВИДЕО: Избегната трагедија во Мостар, фудбалерот на Зрињски за малку ќе го погодеше ракета

Фудбалерот на Зрињски Мостар, Томислав Киш/фото: instagram.com/hsk.zrinjski

Во рамките од 14 коло во најсилното фудбалско првенство на Босна и Херцеговина, Вележ славеше во мостарското градско дерби против Зрињски со убедливи 3:0.

Хаскиќ во 42 и Гулијашивили во 53 и 70 минута израдуваа речиси 7000 свои навивачи кои на крајот ја славеа победата по крајно тензичното дерби.

Мостарското дерби беше трипати прекинувано. Прво поради тепачка помеѓу навивачите на Зрињски и обезбедувањето и полицијата, вториот пат поради транспарентите кои ги открија навивачите на домашната екипа, а третиот пат поради испукањето ракети од трибината каде што се наоѓаа навивачите на Вележ.

Една од ракетите заврши на теренот и која можеше сериозно да го повреди играчот на Зрињски, Томислав Киш.

Видео записот можете да го погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот