ВИДЕО | Избегнат судир на два авиона над Скопје, АЦВ започна истрага
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7 септември.
Пофторно избегната катастрофа на небото над Скопје!
Само брза и добра реакција на ПИЛОТИТЕ во последен миг е избегната катастрофа!
Одговорен на фрекфенца кадар на ДУИ!
ПОФТОРНО СЕ ЗАТАШКУВА!
ЌЕ СЕ ПРЕВЗЕМЕ ЛИ НЕШТО ВО МНАВ??!
МИНИСТРЕ СТЕ ЧУЛЕ?? pic.twitter.com/ekJPouDa3o— Flash Gordon (@GoranPavlovski2) September 12, 2024
Како што објави порталот Сакам да кажам, според податоците од Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18:32 часот.
Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик.
Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина.