ВИДЕО: ИВЗ со онлајн молитви за светиот месец Рамазан

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Муслиманските верници влегоа во светиот месец Рамазан, а со постите почнуваат од 13 април. Поради раширената пандемија на ковид, реисот Шаќир Фетаи го повика верниците да се придржуваат кон препораките од здравствените институции.

-Сега се подготвуваме за почетокот на светиот месец на благословениот Рамазан, при што ќе имаме добро подготвена програма што треба да се реализира во текот на месецот Рамазан, во условите што ги имаме – вонредни услови. Продолжуваме уште посилно и пострикно да ги имплементираме сите препораки што се носат и што во иднина ќе ги носи Министерството за здравство. Значи, ние со сите наши структури, со нашите заложби, и нашата свесност сме ангажирани да бидеме еден од конструктивните фактори во општеството и да даваме свој придонес, во доменот на нашето делување, и да бидеме меѓу оние кои ќе придонесат за ублажување и борба против оваа болест, вели поглаварот на ИВЗ реис Шаќир Ефенди Фетаи во изјава за „Слободен печат“.

За да се заштитат верниците од ширењето на ковидот, ИВЗ рамазанската проглрама ќе ја изведе преку медиумите и социјалните мрежи.

-Нашата програма е повеќе медиумска затоа што просторот за делување е многу тесен во оваа вонредна ситуација од ковид – 19. Ангажирани сме, преку многу различни портали, како и преку традиционалните медиуми, почнувајќи од МРТВ, т.е. Македонската Телевизија програма на албански јазик, ете и сега со просторот во весникот „Слободен печат“, како и други медиуми на македонски, турски, босански, ромски јазик и така натаму, со цел да ја информираме јавноста и нашите верници, но и сите службени лица на чело со Советите на џамиите, за верниците навистина да го поминат месецот на Рамазан што е можно попријатно, но во исто време да придонесеме ситуацијата со ковид-19 да се искорени и полека да излеземе од оваа ситуација што предизвикува штета и во нашето органирање и врз психолошката состојба на граѓаните воопшто, како и врз реализацијата на проекти во секоја сфера од животот, рече реисот.

По регистрацијата во Основен суд 2 на нова исламска заедница под името „Исламската заедница Селефисти и Дар ел-Хадит“, Поглаварот на ИВЗ бара од институциите да ги заштитат верниците  од сомнителни струи кои може да бидат и радикални.

-Ние како општество мора да бидеме многу внимателни од сомнителните струи, затоа што живееме на Балканот и во Европа, нашите насоки се кон Европската унија и евроатлантските структури и мора да го заштитиме нашето општество и особено Исламската верска заедница од сомнителната структури, и да не им даваме аргументи на антиисламските кругови, за да нè изедначат со какво било зло, предупредува Реисот Шаќир Ефенди Фетаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот