Ивона и Кико - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Ивона Јо го покажа свршеничкиот прстен: Пејачката му кажа „Да“ на Кико

Пејачката Ивона Јо кажа „ДА“ на своето момче Кико, кого јавноста имаше можност да го запознае неодамна. По празниците, на изненадување на сите, таа го сподели овој среќен момент на Инстаграм, откривајќи дека љубовта ја однела чекор понатаму.

Во видеото што го објави, Ивона гордо го покажа свршеничкиот прстен, додека Кико ја држеше за рака. Тие танцува и се гушкаа, а секој поглед и допир зборуваше за длабоката поврзаност меѓу нив.

„Најлесното ДА“, напиша таа покрај видеото.

 

Честитките пристигнаа од пријателите, колегите од естрадата, па дури и следбениците кои не можеа да ја сокријат радоста. Сите ги опсипаа со топли зборови и желби за долга и среќна заедничка иднина.

Со овој чекор, Ивона Јо покажа дека љубовта понекогаш доаѓа ненадејно и дека една искрена одлука може да го промени целиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот