ВИДЕО: Иван си оди дома, вели дека бил во водата повеќе од 20 часа
30-годишниот Иван, кој заедно со уште двајца другари беше повлечен од морските струи на Халкидики, е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше од неделата напладне, јавува „Прототема“. Скопјанецот, кој се спаси држејќи се за топка во немирните води на Егејското Море, вели дека не бил во водата 18, туку повеќе од 20 часа.
Лекарите велат дека Иван е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.
Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, тој добил третман поради тешка дехидратација.
„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им кажа Иван на новинарите додека ја напушташе болницата.
Тој најави дека во следните денови ќе ги повика новинарите и ќе им ја раскаже целата неверојатна приказна.
Во саботата беше спасен еден од другарите на Иван, Васил, додека по третиот – Мартин, сѐ уште се трага.
Да престанат шпекулациите за Мартин, повикува роднина на момчето исчезнато во Грција