Фото: Принтскрин од PressTV

ВИДЕО | Иран испука балистички проектил: „Ормускиот Теснец мора да остане во наши раце“

Се појавија нови воени снимки кои прикажуваат како Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) испалува балистички проектили од рамна и целосно незаштитена локација. Целата мисија, како што се гледа на снимките, поминала без инциденти и покрај заканите од непосреден напад, пренесува Индекс.

Мохсен Резаи, поранешен командант на Корпусот, а денес член на иранскиот Совет за разумност, порача дека Иран „нема со никого да преговара за нуклеарното прашање“ и дека „контролата над Ормускиот Теснец мора да остане во ирански раце“.

„Ако контролата и управувањето со Ормускиот Теснец излезат од рацете на Иран, непријателот повторно ќе го искористи тоа како оружје против нашата земја и народ“, предупреди Резаи.

Повик за заминување на странските сили

Тој нагласи дека иранскиот пристап кон безбедноста се темели на регионална самостојност.

„Нашиот модел е јасен: регионот мора сам да ја обезбеди сопствената безбедност. Странските сили — без разлика дали се американски или европски — мора да заминат“, заклучи Резаи.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон дополнително ја заостри реториката кон Вашингтон, обвинувајќи ги САД дека „дипломатијата ја замениле со закани, притисок и санкции“. Како што пренесува Ал Џезира, Пезешкијан порача дека „Техеран поради таквото однесување повеќе не може да им верува на САД“.

„Во двата наврати кога влегувавме во дијалог со САД, паралелно се случуваа воени агресии врз Иран. Таквото однесување е како забивање нож во грб“, рече иранскиот претседател.

Иран денес испраќа одговор на американскиот предлог

Се очекува Иран денес преку пакистански посредници да го предаде својот одговор на американскиот предлог, за кој не е поставен официјален рок. Дека одговорот ќе биде испратен до Американците потврди и пратеник во иранскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи.

Од Техеран порачуваат дека во оваа фаза не преговараат за својата нуклеарна програма, туку дека нивната единствена цел е завршување на војната на сите боишта. Како предуслов за понатамошни разговори бараат директни гаранции од Советот за безбедност на ОН, укинување на санкциите и повторно отворање на Ормускиот Теснец. Само доколку тие услови бидат исполнети, иранската страна во втората фаза е подготвена да разговара и за нуклеарната програма.

Во Ормускиот Теснец, Иран во меѓувреме воспостави ново тело под назив „Управа за теснецот на Персискиот Залив“. Според нивните наводи, поморскиот режим во теснецот е изменет и секој брод што минува низ него мора да воспостави комуникација со иранските власти.

Трамп смета дека „војната ќе заврши брзо“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предвиде дека војната во Иран ќе „заврши брзо“ и рече дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран.

Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да постави рамка за подетални нуклеарни преговори.

Трамп вели дека војната „ќе заврши брзо“, додека Иран „сè уште го разгледува“ американскиот предлог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот