ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Забрчанец: Сè е подготвено за отстранување на работните дозволи меѓу земјите во Отворен Балкан

Марјан Забрчанец координатор на ''Отворен балкан'' / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

„Се е подготвено за имплементација на проектот за отстранување на работните дозволи меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. Софтверски се веќе вмрежени трите држави, тоа значи дека граѓанинот ќе треба да си извади ИД број, еден вид на идентификациски број и со тој број ќе биде препознаен во системите за вработување во било која од трите држави“ кажа националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец во „Утрински печат“.

Тој упати апел до пратениците што поскоро да го ратификуваат меѓународниот договор со што се елиминираат овие прашања, бидејќи се друго е подготвено.

„Ако вие имате ИТ компанија од Скопје и вашите вработени работат онлајн за Тирана или Белград, нема да има потреба од вадење на работни дозволи, тие ќе можат да работат и дејствуваат по правилата на двете други држави. Да си земаат плата од Србија или Албанија дури и да бидат пензиско и здрававствено осигурани во Србија и во Албанија“ објасни Забрчанец.

Тој кажа дека веќе има информации дека дел од големите компании на кои им треба работна сила го чекаат стартот на овој проект со цел да се привлечат работниците од сите земји.

„Стравот за одлевање на граѓани од државата не е оправдан, бидејќи ова е повеќенасочно. Ако некој отиде да работи во Србија, друго од Србија ќе дојде да работи тука“ рече Забрчанец.

Тој се осврна и на придобивките во туризмот кои земјата ќе ги има од иницијативата „Отворен Балкан“

„Една од иницијартивите на Отворен Балкан е ‘пакување’ на регионот како регион кој е атрактивен за туризам, за кастрономија, регион со убава храна и атрактивен по добро вино“ рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец во „Утрински печат“.

Тој исто така кажа дека има поддршка од САД да се „пакува“ регионот како единствен пазар со цел да се привлечат поголем број на странски инвестиции.

„Мојата проценка за приклучување на нови држави кон Отворен Балкан ќе расте како што растат резултатите од проектите. Бидејќи кога ќе паднат работните дозволи, тоа ќе создаде економска дејност, забрзување на економската соработка меѓу трите држави. Кога тоа ќе се расчуе во Босна и Херцеговина, во Косово и во Црна Гора ќе се создаде притисок од оние кои треба да имаат бенефит, граѓаните и компаниите кон своите власти“ рече Забрчанец.

Тој кажа дека стопанските комори во овие земји веќе почнуваат да вршат притисок кон своите власти за зголемена економска соработка.

Говорејќи за важноста на Отворен Балкан нагласи дека тоа е пилотирање на нашето членство во ЕУ.

„Отворен Балкан е еден вид пилотирање на нашето членство во ЕУ. Тоа што го правиме со Отворен Балкан – овозможувањето на повеќе соработка, слободен проток на трговски продукти, зголемен извоз како резултат на зелените ленти, тоа е ЕУ. ЕУ е настаната по основ на економска соработка. Отворен Балкан не може да биде замена за ЕУ, но е забрзувач на нашата евроинтеграција“ изјави националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец во „Утрински печат“.

Тој кажа дека и Отворен Балкан и Берлинскиот процес се иницијативи кои се потребни една на друга и кои носат европеизација на регионот преку поставување на европски стандарди, кртитериуми што резултира со подобар живот на граѓаните и поквалитетни институции.

„Поддршката за Отворен Балкан е во постојан раст. Скоро и да нема политичка партија во земјава која не го поддржува Отворен Балкан. Истото важи и во Србија и во Албанија, се разбира постојат исклучоци од овој тренд, но ако ги видиме и анкетите, од почетните 50-60 отсто, денес речиси 80 отсто од граѓаните ја поддржуваат иницијативата“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека најголеми поддржувачи и најголема потреба од Отворен Балкан имаат компаниите и бизнисите кои се секогаш тука да ги поддржат, но и критикуваат владите доколку тие забават во својот перформанс на она што е ветено.

Целиот разговор со Марјан Забрчанец, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот