ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Учителка од Скопје прави магија од часовите: Децата не ги разбираат учебниците, учат кога набљудуваат

Наташа Костовска/Фото: Слободен печат

Ако за некој училиштетео е задоволство тоа може да го кажат учениците од второ одделение од ОУ,,Владо Тасевски“ од Скопје. Нивната учителка Наташа Костовска прави магија на часовите. Наместо класично предавање во училница, тие учат во природа. Гледаат живи животни наместо на фотографии, се возат со градски автобус низ Скопје, планинарат, ги гледаат боите на есента во Кожле.

Костовска раскажува дека неодамна биле на ранч каде одблизу се запознале со домашните животни, но и со тоа како треба да ги чуваат.

-Во учебниците понекогаш има терминологија што тие не ја разбираат, не е соодветна за нивната возраст, па тешко е да им се објаснат некои работи, тие се сè уште многу мали. Затоа најдобро е да учат преку набљудување. Децата беа да ги видат пејзажите на есента во с. Кожле, а научија и како треба да се однесуваат доколку го користат јавниот градски превоз- вели Костовска.

Наставната единица за тоа што е медиум учениците од овој клас ја поминаа со помош на „Слободен печат“. Нашата екипа беше на час кај нив и така имавме прилика да поминеме убави мигови со децата кои научија што е весник, телевизија и портал, како и тоа што значи да се биде медиумски работник.

Костовска вели дека децата многу се радуваат на часовите на отворено и со нетрпение го очекуват следниот пат.

Целото интервју на нашата колешка Александра Вуксановиќ погледнете го тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот