ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Снежана Стојчевска: Во 80-тите го потценивме мирот, а сега стравот од војна е реален

Снежана Стојчевска, гостинка во „Утрински печат“ / Фото: Слободен печат

Како дете не ги сакав игрите во кои се повикуваше на војна, но заборавив во желбите да посакам мир, пишува во својата најнова стихозбирка „Празно место“, македонската поетеса Снежана Стојчевска, која денеска беше гостин во „Утрински печат“.

– Сега стравот е пореален, бидејќи како веќе да влегуваме во трета светска војна. Прво беше пандемијата со ковид-19, а потоа и енергетската криза, како постојано да влегуваме од криза во криза, а светот се движи во непосакуваната патека. Сè помалку има чувство за општо добро, а сè повеќе се работи за борба на суети, во која само еден допир на копчето може да значи крај на светот – вели Стојчевска.

Во стихотворбата „Скопје граде мој мил“, таа ја опишува магнетната привлечност на нејзиниот роден гран, иако е свесна дека сè повеќе скопјани, но и од другите градови на Република Македонија, младите забрзано се иселуваат.

– Култура му е потребна на Скопје. Градот најмногу дише преку културните настани. И не треба целата култура да е сконцентрирана во главниот град, бидејќи тогаш другите градови се насочуваат целосно кон Скопје – додава Стојчевска.

Целото интервју со поетесата проследете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот