ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Само Македонците се наследници на македонизмот

Марјан Ѓорчев - поранешен амбасадор во република Бугарија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Случувањата околу чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, за поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев, се показател дека односите меѓу двете земји на најниското ниво во последните 30 години.

– Се вративме на 93 година којашто требаше да ни биде предупредување, а кога Бугарското народно собрание не ги ратифицираше подготвените договори во транспорт и врски, за дипломатските односи помеѓу двете земји, коишто беа подготвени да се потпишат на бугарски и на македонски јазик. Тогаш почна дебатата дека Македонија како држава да, но македонската нација и македонскиот јазик се вештачки творби. Сега тоа претедателот (Румен) Радев го вообличи во една поинаква рамка, кога кажа дека Македонија може во ЕУ, но таму нема место за македонизмот – изјави Ѓорчев во студиото на „Утрински печат“.

Ѓорчев открива дека поимот македонизам не настанал на прагот од 19 кон 20 век, туку е присутен уште од античко време и дека само македонското население денеска има право да се идентивикува со него.

– Тоа е еден универзален код, кој е последица на една голема наука уште од време на антиката. Во 4-тиот век од п.н.е имате македонски кралски академии. Тоа биле универзални научни академии, а точно е дека антиката им припаѓа на сите народи кои што живееле во тој период, но факт е дека македонските кралски академии го произвеле првиот универзален код, што е прв обид да се глобализира светот. Тоа е период кој се нарекува македонистички период, тоа е население коешто живее на географскиот простор на Македонија и го прифаќа македонизмот, но и се идентификува како Македонец, а низ вековите тоа чувство се пренесувало меѓу луѓето и денеска само Македнците можат да кажат дека му припаѓаат на македонизмот – додава поранешниот амбасадор.

Целото интервју со Марјан Ѓорчев можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот