ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Орце Симов, потпретседател на ССК: Многу компании ќе затворат, поисплатливо е од земање бескаматен кредит

Орце Симов, потпретседател на ССК/Фото: Слободен печат

Доколку сега ја добиеме потребната поддршка, по стабилизирање на состојбата тоа многукратно ќе се врати преку полнење на државниот буџет, вели потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов во разговор за „Слободна ТВ“. Тој е дециден дека поддршката на стопанството треба да биде поголема од донесените антикризни мерки.

– Кризата во која се наоѓаме е исклучително голема, а мерките кои беа презентирани имаат нагласена социјална димензија, поради што и сметаме дека поддршката за реалниот сектор треба да биде поголема и подобро таргетирана. Стопанството во нашата земја вработува околу 680.000 луѓе, создава додадена вредност, го полни државниот буџет и без негов раст и развој не може да се постигне општествен напредок – вели Симов.

Тој објаснува дека делот за стопанството во вкупниот антикризен пакет е сведен на 5 мерки, а една од мерките е бескаматна кредитна линија, но тоа се кредити кои сепак треба да се вратат, па дел од фирмите сепак ќе се одлучат да престанат со работа, место да ги зголемуваат своите трошоци.

– Многу компании за да ги намалат трошоците или ќе отпуштат вработени, или ќе затворат, нема сите да земат кредит за пребродување на кризата, па макар и тој да биде без камата – вели Симов.

За тоа какви се другите мерки наменети за стопанството и за ставот на Симов во однос на прогресивниот данок, погледајте во видео-интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот