ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Кочо Анѓушев, стопанственик и екс вицепремиер: Задоволството не е во трошењето туку во создавањето

Кочо Анѓушев / Фото: Слободен печат.
Кочо Анѓушев / Фото: Слободен печат.

Најлошото е ако застанете, ако се исплашите, ако ги затворите парите што инфлацијата неминовно ќе ги обезвредни. Поборник сум на инвестирања и во услови на инфлација, вели еден од најуспешните стопанственици, професорот Кочо Анѓушев во интервјуто за „СлободнаТВ“.

Кризите, покрај сите неповолности и ризици што ги носат, се и можност за поинакви почетоци, за нови инвестиции. Најлошото е ако застанете, ако се исплашите од последиците, ако ги затворите парите што инфлацијата неминовно ќе ги обезвредни. Поборник сум на инвестирања и во услови на инфлација. Во моите компании отворивме нови хали, машини, технологии, а во енергетиката фотоволтаици, биогасна електрана и друго, вели професорот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев во интервјуто за „СлободнаТВ“.

Анѓушев, како почесен конзул на Малта, му помогна на семејството на момчето кое во Малта загина во сообраќајна несреќа. Штом ја слушнал трагичната вест направил се што можел, заедно со нашинците таму, и деновиве треба да завршат процедурите за враќање на телото овде во неговото родно место. Мотив за ваквиот ангажаман му било и тоа ште е почесен конзул на земја членка на ЕУ.
Еден од најуспешните стопанственици вио земјава зборува и за својот политички ангажман, за недовербата на општеството во политиката и во политичарите, за амбиентот во владата за време на неговото учество во неа.

– Општеството треба да се навикне на успешни луѓе во политиката. Видете кој сега стана премиер на Британија. Еден од најуспешните и најбогатите и таму никој не прави проблем од тоа. Ако очекувате некој да менаџира со владата и со процесите, таму треба да имате искусен човек. Како некој ќе менаџира со цела држава, ако дотогаш ништо слично не работел. Од друга страна, тој што претходно успешно менаџирал компании и процеси во бизнисот, нормално е да биде и добро ситуиран – вели Анѓушев.

Во интервјуто за „СлободнаТВ“ зборува и за грешките во транзициската капитализација и пропустите во развојот на македонската економија, нио и за некои актуелни политички состојби.

– Во врска со евроинтегративни проблеми, ние мора да се поставиме прагматично. Еве, не гледам како некој ќе ме бугаризира. Не гледам како некој може да ме асимилира се додека имам моја држава. Ќе биде проблем ако немам моја држава, како што било помеѓу двете светски војни, па сите наши предци морале да се пишуваат или Срби или Бугари или не знам што. Само тогаш кога некој друг ви издава лична карта и пасош тој тогаш може да ве асимилира. Да не гледаме да дојдеме до таму – вели Анѓушев.

Погледнете го целото интервју со Кочо Анѓушев

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот