ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Калеска-Ванчева: Спојувањето на претседателските и парламентарни избори е рационално решение

Снежана Калеска-Ванчева / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Доколку постигнеме компромис за конкретен датум, тогаш мислам дека спојувањето на претседателските и на парламентарни избори е рационално решение, вели Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ во интервју за утринската програма на „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

На 14 јули пред четири години беше избран овој состав во Парламентот, а претседателот беше инаугриран на  12 мај, што значи дека изборите можат да се спојат ида бидат 8 мај, 8 јуни или на 8 јули, смета Калеска-Ванчева. Во меѓувреме, вели таа, СДСМ не отстапува  од  агендата за донесување на уставните измени.

-Ние не сме се откажале од европскиот пат и работиме на сите начини да допреме до здравиот разум на ВМРО ДПМНЕ. Мора да ни биде на сите јасно дека доколку не ги направиме Уставните измени, не можеме да продолжиме по европскиот пат- смета Калеска-Ванчева.

Целото интервју на Зоран Иванов погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот