ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Ивица Боцевски: Европската сага на Македонија трае од ерата на комунизмот

Ивица Боцевски, гостин во Утрински печат ФОТО: Слободен печат

Во 1989 година, тогашните властодршци на земјава кои произлегуваа од Сојузот на комунисти на Македонија, дадоа насоки целокупното законодавство да се прилагоди на европското и тоа најдоцна до 1991 година. Ова за гледачите на „Утрински печат“ го појасни политичкот аналитичар Ивица Боцевски, кој додаде и дека првиот договор меѓу Југославија и Европската економскаска заедница (ЕЗ) е потпишан од Стојан Андов.

– Она што се заборава е дека во 80-тите години од минатиот век во социјалистичка Југославија, но и во социјалистичка Македонија нештата започнуваат да се раздвижуваат кон политичка и кон економска либерализација, тоа не оди едноставно но тоа е правецот по кој тргнала земјата. Има еден интересен извештај од Владата на Бранко Микулиќ, тој е премиер пред Анте Марковиќ, во кој се даваат насоки за внесување на пазарни елемнти во економијата, но и отварање кон ЕЗ. Југославија и Македонија се разбира, се гледале како дел од заедничкиот пазар на обединета Европа во тоа време – истакна Боцевски.

Но и покрај тоа што уште македонските комунисти имале план да ѝсе приклучат на тогашната ЕЗ, сепак, ни по веќе од 30 години подоцна земјава не е подготвена да му се приклучи на европското семејство.

Тој вели дека најголемиот пропуст во македонската евроинтеграција е направен во периодот по осамостојувањето, кога Македонија губи цела една деценија во приближувањето кон ЕУ. За Боцевски е потполно небитно дали сегашниот датум за наше зачленување во Унијата е 2030 година, бидејќи тоа лесно може да се претвори во 2100 или 2150 година.

– Во 2030 година ниту еден од комесарите на Европската комисија нема да биде актуелен, а тоа важи и за сите други европски политичари. Секако дека и нашите актуелни функционери во 2030 година повеќе нема да бидат на власт, па никој нема да знае што тоа било претходно ветено – додава Боцевски.

Целото интервју со Ивица Боцевски проследете го на следниот линк:

Видео на денот