ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Искра Белчева-Ристовска, ЦУП: Колку институциите се потранспарентни толку пониски се шансите за корупција

Искра Б. Крстевска - ЦУП / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Ако имаш некој познат, многу полесно и побрзо ќе завршиш работа. Ова „правило“ се уште важи кога станува збор за функционирањето на државните институции. Сето ова ги иритира граѓаните бидејќи иако јавниот сервис е платен токму од парите на граѓаните тие за возврат не ги добиваат услугите за кои што се трошат нивните пари. Сето ова укажува дека имаме јавната администација во Македонија која стана огромна нефункционална и по многу извештаи дури корумпирана. Ова го истакна при гостување во емисијата „Утрински печат“ Искра Белчева-Ристовска, програмски координатор во Центар за управување со промени – ЦУП во врска со состојбите во јавната администрација во државата.

– Она што ние го бараме како граѓани се добри услуги од институциите. Кога ќе видиме скандали и случи кои се поврзани со работењето на јавниот сектор, први си велиме дали таму одат нашите пари. Но суштинското прашање е дали нашите пари кои ги плаќаат граѓаните се вложени во нешто што нам ќе ни даде плод. Клучното прашање е како работат институциите. Ние гледаме дека имаме не доволен квалитет на услугите и гледаме дека се зголемува бројот на администрацијта, што значи на терет на граѓаните е само финансискиот терет а од друга страна не тие не се задоволни со услугите кои ги добиваат – посочува Белчева-Ристовска од ЦУП.

Белчева-Ристовска во исто време вели дека неопходна е поддршка од вработените во институциите за примена на технлогиите, но и постоење на политичка волја за дигитализација на јавната администрација.

– Ние имаме еден комплексен систем за вработување на луѓето во јавниот сектор. При вработувањето имаме разни тестирања и интервјуа и алатки кои сепак се мери познавањето на апликантите односно кандидатите за позициите од понизок ешалон. Сепак, од друга страна овој систем за мерење на познавањата на јавните службеници го немаме кај раководните позиции. Па така невладиниот сектор со години се вложува да направи систем за мерење на стручноста на оние кои раководат и управуваат со администравијата. Во таа насока е и токму Законот за висока раководна служба кој треба да воспостави систем на вработувања на директорите, функционерите и јавните секретари по министерствата каде преку нивно потранспарентно поставување на функцијата ќе се намали партизацијата во јавниот сектор – посочи Белчева-Ристовска.

Во разговорот Белчева-Ристовска зборуваше и за тоа колку недостасува одговорноста во јавниот сектор и колку таа е подеднаква како на раководството така и на вработените во процесот на подобрување на функционалноста на институциите. Понатаму, стана збор за тоа колку преку дигитализацијата би се намалила корупцијата во јавниот сектор но и колку овој инструмент би допринел граѓаните да добијат вистински јавен сервис за нивните потреби.

Повеќе од разговорот со Искра Белчева-Ристовска погледнете во видеото во продолжение..

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот