ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Игор Герасов, ССМ: Дојдете на Првомајскиот протест, заедно да кажеме дека сме незадоволни!

Игор Герасов - претседател на СИЕР / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Сојузот на синдикати го повикува своето членство, но и сите работници чии права се кршат и кои бараат подобри услови за работа да дојдат на големиот синдикален протест што ќе се одржи по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во понеделник, со почеток во 12 часот пред зградата на ССМ, а потоа и пред Собранието и пред Владата. Како што вели Игор Герасов, потпретседател на ССМ, „дојден е критичниот момент за нашиот работник“ и затоа тој повика на што поголема масовност.

– Некои пред 150 години дале жртва да ги уживаме праватa за кои се бореле, но денес ние се соочуваме пак да ја водиме истата битка за 8-часовен работен ден. Сега со закон сакаат да протуркаат 60-часовна работна недела за да може така да бидат вработени работници во „Бехтел и Енка“. За ова и за други кршења на права, ССМ организира масовен протест. Секој треба поединчено да даде жртва, да одвои барем еден час во годината, да дојде на протест за да кажеме заедно дека сме незадоволни – рече Герасов во интервју за „Утрински печат“.

Тој вели дека без соодветно вреднување на трудот и без заштита на работничките права, младите се повеќе ќе градат туѓи економии.

– Не може една држава, па и компанија да функционира без работниците. Не може работодавачите, па и јавниот сектор да се однесуваат со големо непочитување на нашиот работник. Треба заедно да седнеме на маса – ние, работодвачите и Владата и да зборуваме за напредокот на државата кој не може да се случи без добар работник – порача Герасов.

Како централна тема на која треба заеднички да се работи, Герсов го посочи новиот закон за работни односи кои се работи веќе повеќе години, но во кој, како што вели тој има работи кои ќе му наштетат на работникот, поради што Синдикатот силно реагира. Една од нив е суспендирањето на колективните договори. Тој потсетува дека во државата има склучено многу колективни работни договори и дека во синдикализмот, токму потпишувањето на вакви договори е најтешката работа. Колективните договори поконкретно ги штитат правата на работодавачите, но во нив се прецизирани и обврските на работниците. Централна тема околу која се кршат копјата на синдикатите и работодавачите и понатаму останува работата на определено време.

Целото ВИДЕО ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот