Напад во Тајпеј/Фото: CHANG HAO-AN / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Инцидент во Тајван: Неколкумина повредени во напад на станиците на метрото во Тајпеј

Девет лица се повредени, од кои четворица потешко, откако маж фрлил димни бомби на метро станица во Тајпеј, а потоа нападнал минувачи, објави официјалната Централна новинска агенција.

Тајванскиот премиер, Чо Чунг-те, го потврди нападот во објава на Фејсбук, без да даде дополнителни детали.

„Осомничениот носел маска и намерно фрлил повеќе молотови коктели и димни бомби, а потоа случајно нападнал луѓе на станицата на метрото Џонгшан, предизвикувајќи многу повредени лица“, рече тој.

Се проценува дека сторителот потоа извршил самоубиство, објави официјалната Централна новинска агенција.

Засега не е јасно кој бил мотивот.

Во ажурирање околу 20:30 часот по локално време, Чо потврди дека осомничениот кој ги активирал чадните бомби и нападнал луѓе е истото лице.

Тој рече дека пет лица биле избодени со нож и побара од болниците да сторат сè што е можно за да ги спасат.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, во објава на Фејсбук изјави дека властите ја зголемиле безбедноста низ целиот остров.

Тој додаде дека ќе бидат спроведени темелни истраги и дека владата ќе вложи максимални напори за да ја обезбеди безбедноста на жителите.

Лаи, исто така, ги предупреди жителите да не испраќаат непотврдени пораки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот