ВИДЕО | Илон Маск откри дека има таен профил на Инстаграм, го користи само за една намена

илон маск
Фото: Илон Маск / Фото: EPA-EFE/Patrick Pleul

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, призна дека има таен профил на Инстаграм кој го користи за приватни цели. Милијардерот рекол дека снима селфи со кои сака да го привлече вниманието на другите, но истовремено сака и „сексуално“ да ги заинтересира.

За време на подкастот популарните јутјубери Нелк бојс, во кој шефот на „Тесла“ зборувал за вонземјаните, својот договор за преземање на Твитер и други работи, тој, исто така, открил и дека има профил на Инстаграм.

Како што разговорот се свртел кон социјалните мрежи и нивното влијание, Маск рекол дека има таен профил на Инстаграм кој го користи за кликови на линкови и слично, но додал дека на крајот не му се допаднало искуството.

„Инстаграм е ново ниво на „замка за жед““, рекол Маск, мислејќи на англискиот термин „thirst trap“, кој што значи објавување флертувачки фотографии и пораки на социјалните мрежи со намера да привлече внимание или сексуално да ги заинтересира луѓето што го гледаат.

„Се затекнав себеси како правам многу селфи“, додал тој, велејќи дека потоа се запрашал зошто го прави тоа.

Краток клип од подкастот се појави на Твитер, а придружниот твит тврди дека Маск има нула следбеници на својот таен профил на Инстаграм. Милијардерот дури одговори на споменатиот твит велејќи дека има 54 следбеници.


Во текот на подкастот, Маск рекол дека го користи Твитер само за да комуницира со луѓе и дека е полесно да се има само еден концентриран канал на комуникација за да се направат работите попродуктивни. На Твитер, Маск има повеќе од 102 милиони следбеници.

Што е „замка за жед“?

Станува збор за термин кој се однесува на еден вид објава на социјалните мрежи наменети за сексуално привлекување гледачи. „Жедта“ на гледачот претставува сексуална фрустрација или очај. Замката се поставува со намерно објавување на провокативна содржина која мами реакција на други, заинтересирани страни. Откако ќе реагира, личноста паднала во стапицата и ја признала својата „жед“, односно својот интерес или очајна потреба за вас.

Маск се пишмани за купувањето на Твитер, авантурата може да го чини милијарда долари

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | Сите се смеат на фотографиите на Илон Маск во костим за капење: Не сакавме тоа да го видиме!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот