ВИДЕО I Критично нивото на водата во Скадарско Езеро: Mештаните до дома можат да стасаат само со чамец

По поројните дождови кои ја зафатија Црна Гора во изминатите денови, во неколку места на брегот на Скадарско Езеро ситуацијата е критична, бидејќи водостојот се зголемува и вода почнала да влегува во објектите.

Жителите, иако не се соочуваат првпат со слични проблеми, се многу загрижени, бидејќи доколку продолжат врнежите, водата ќе им причини сериозни штети. Тие стравуваат дека би можело да се повтори сценариото од 2010 година, кога Црна Гора ја зафатија налошите поплави во поновата историја.

– Не можете да замислите како ја минавме ноќта. Цела ноќ ветер, дожд, вода. Тоа е хаос, се е поплавено, изјави жител на Врањина.

Според неговата проценка, недостасуваат уште половина метар за да влезе водата во куќите, а надлежните органи се уште не реагираат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот