ВИДЕО I Јосифовски од НУК: Новите мерки ќе значат колапс за угостителите, владата мора да донесе нови

фото: Архива

Здравко Јосифовски од Независната угостителска Комора (НУК) денеска во „Утрински брифинг“ информираше дека побарале средба со владини претставници по вчерашната одлука со која угостителските објекти ќе треба да затвораат во 18 часот.

– Ќе бевме среќни ако се прифатеа нашите барања да го задржиме работното време за време на новогодишните празници. Сметаме дека тоа нема да се одрази на бројот на новозаболени од коронавирус. Сепак, ние како Комора во целост ќе ги почитуваме сите мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, рече Јосифовски.

Според него, новите мерки не се проследени со соодветна финансиска поддршка.

– Обештетување се бара тогаш кога не може на ниту еден друг начин да се договорите дали тоа што ви следува треба да го добиете. Побаравме денес да се сретнеме со владини претставници и да им посочиме дека е од голема важност да се донесат нов сет на мерки, исклучиво наменет за угостителскиот сектор, селективна мерка каква што е всушност и забраната. Со тоа ќе се овозможи во следниот период, додека се на сила мерките, да опстојат угостителите, нагласи Јосифовски.

Тој потенцира дека новите мерки ќе значат колапс за угостителите.

– Проблемот е во тоа што никој не кажува на кој начин ќе се покријат сите загуби. Угостителите ќе почнат да ги рационализираат нивните трошоци. Или ќе почнат да ги намалуваат платите на вработените или ќе почнат да пратат распореди за работа преку еден ден, предупреди првиот човек на НУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот