ВИДЕО I Хаотични сцени во Бразил: Фудбалерите на Бока Јуниорс се тепаа со редарите и полицијата и на крајот завршија зад решетки

EPA-EFE/Bruna Prado

Славниот аргентински клуб, Бока Јуниорс е елиминиран во осминафиналето во Копа Либертадорес откако во пенал рулетот загуби од Атлетико Минеиро, но поразот тешко им падна на фудбалерите и на управата.

Натпреварот заврши 0:0, а по пенал серијата подобар беше бразилскиот тим, но фудбалерите на Бока Јуниорс гневни поради елиминацијата и поради поништениот гол, предизвикаа хаос по натпреварот.


По мечот дојде до жестока пресметка меѓу играчите на двата тима, обезбедувањето и полицијата.


Играчите на аргентинскиот тим почнаа да ја фрлаат металната заштитна ограда како и се што им се најдеше при рака кон домашните фудбалери по што дојде до тепачка помеѓу членовите на двата тима.


 Потоа тие се обидоа да влезат во соблекувалната на Атлетико, по што реагираше обезбедувањето и полицијата, и дојде до физичка пресметка.

 

Полицијата уапсила дури осум фудбалери на Бока Јуниорс, но по интервенција на аргентинскиот амбасадор тие биле пуштени и им било дозволено да си заминат од Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот