ВИДЕО | Хуманитарен концерт вечерва во театар „Комедија“, со 100 денари помогнете да се купи инвалидска количка

Миа Јанковска и Јована Петровска- волонтерки во Црвен крст

Денеска од 19 до 21 часот во театар „Комедија“ ќе се одржи хуманитарен концерт наменет за купување инвалидска чадор количка за дете со синдром дришение и аутизам информираа денеска во Утрински брифинг волонтерките Јована Петровска и Миа Јанковска кои се дел од организаторите на концертот.

– Сите средства од овој концерт и од целиот ЦК ПХВ циклус ќе бидат наменети за дете кое боледува од синдром дришение и аутизам. Целта е за него да се обезбеди инвалидска чадор количка и да се реновира неговата соба. До идејата доаѓаат нашите дисеминатори кои ги организираат целните групи, но целта е да се помогне на оние на кои им е најпотребно. Ва рамки на ЦК ПХВ циклусот имаме организирано повеќе собирни акции, три штандови, а планираме и трка и ораторска вечер, рече Миа Јанковска.

Инвалидската количка за која младите волонтери собираат хуманитарни средства чини околу 70.000 денари.

– Со хуманитарниот концерт завршуваат проектите планирани за оваа сезона, а во летниот период волонтерите на Црвен крст ќе се насочат кон помагање на населението за време на топлотните бранови. Од септември повторно ќе започнат традиционалните активности, Подари пакетче, недела на хуманоста, недела на гладта како и голем број на крводарителни акции, рече Јована Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот