ВИДЕО | Хрватски пратеници го бараа Иран на карта – некои покажаа кон Израел, други кон Русија
Хрватските пратеници во последните недели беа гласни кога станува збор за Иран и ставот што Хрватска треба да го заземе. Беше формирана и работна група за следење на кризата, а кога израелскиот амбасадор во Хрватска, Гари Корен, ја повика Хрватска да ги прекине дипломатските односи со Техеран, претставниците на таа работна група рекоа дека Хрватска „сама донесува такви одлуки“, објави Индекс.хр.
Препорачано
Но дали хрватските пратеници воопшто знаат каде се наоѓа Иран и дали можат да го покажат на карта?
За време на пленрана седница токму за Иран, некои од пратениците кои излегуваа од салата беа сретнати од новинарска екипа на Индеск.хр. и прашани дали знаат каде се наоѓа Иран. Новинар ги натера да ја покажат на карта земјата од Блискиот Исток, 17-та по големина во светот, и земјата што го контролира Ормускиот Теснец, еден од најважните нафтени патишта во светот.
Пратеникот Стипо Млинариќ – Чипе, наместо кон Иран, прво погледна кон Кина, а на крајот, наместо кон Иран, покажа кон Русија.
„Ме исплаши, ме фати од парламентот, мислев дека ова е најголемата земја“, се бранеше подоцна Чипе пред својот партиски колега Ивица Кукавица, кој потоа веднаш покажа кон Иран.
Друг пратеник, Марин Милетиќ, инаку верски учител по професија, ги замолил да му дадат секунда време за да може подетално да ја погледне картата, па почнал од Италија кон исток, а потоа покажал кон Израел. Инаку, Индекс потсетува дека Милетиќ ја посетил истата земја во 2023 година и рекол дека таму посетил села само еден километар од Газа и разговарал со семејствата на жртвите.
Некои покажувале кон Африка, нагласувајќи дека Иран „сигурно е тука некаде“, а имало и такви што воопшто не се ни обиделе да го побараат на картата.
Сепак, како што пренесува Индекс, меѓу пратениците имало и такви кои знаеле од прва да го покажат Иран на картата.


