ВИДЕО: Хорор во Индија – Свештеник и тројца мажи силувале и убиле 9-годишно девојче, народот се крена на нозе
Смртта на 9-годишното девојче во Индија покрена големи протести низ целата земја. Мајката во неделата навечер ја пратила својата ќерка да донесе вода од блискиот крематориум во Њу Делхи. Еден час подоцна, таа била пронајдена мртва во мокра облека, крвав нос, модрици на рацете и нозете, со помодрени усни на подот кај крематориумот, објави „Дејли Меил“.
Препорачано
Хиндуистички свештеник и тројца мажи се осудени за силување и убиство на девојчето. Телото го пронашла нејзината мајка која тргнала да ја бара својата ќерка единица.
Мајката во интервју за Би-Би-Си изјави дека не ѝ било дозволено да го земе телото на нејзината ќерка. Таа истакна дека свештеникот и тројцата мажи ја советувале да не се јавува во полиција, бидејќи органите на прогонот „ќе инсистирале на обдукција и ќе ги украделе органите на девојчето за да подоцна ги продадат“. Таа додаде дека добила закани, па дури и нуделе и мито за да не го пријави убиството.
Свештеникот и тројцата мажи ги заклучиле вратите и насилно го палеле телото на девојчето и покрај напорите на мајката да ги спречи, а таткото на девојчето заедно со соседите кои во меѓувреме пристигнале на местото ги фатиле насилниците, кои потоа ја признале својата вина.
Огнот во кое било запалено девојчето потоа бил изгаснат. Полицијата ги уапсила насилниците.
Овој случај предизвика големи протести низ цела Индија, демонстрантите палеа слики од премиерот Нарендра Моди, велејќи дека тој не го осудил нападот.
Градоначалникот на Њу Делхи, Арвинд Кедџивал го посети семејството на девојчето, ветувајќи им правда за девојчето.
Демонстрантите бараат смртна казна за насилниците, истрагата е во тек. Кедџивал соопшти дека судот мора да ја донесе „правилната одлука“ и дека тој посакува конечно да се стави крај на криминалот во Индија.


