ВИДЕО | Хорор на Црвеното Море: Се запали брод, тројца британски туристи исчезнаа, 12 луѓе се спасени

Фото: Принтскрин, Skynews, Твитер

Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако брод се запали денеска во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетските власти и безбедносни извори.

Туристите кои биле спасени се сместени во одморалиштето Марса Шагра заедно со 12 египетски членови на екипажот и водич, изјавија од канцеларијата на гувернерот.

Од канцеларијата додаваат дека причината за пожарот е краток електричен спој на бродот, кој патувал северно од Марса Алам од 6 јуни.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат бел брод во пламен во морето, со густ чад што се издигнува кон небото.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со локалните власти, како и дека е вклучено во давање поддршка на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот