ВИДЕО | Холивуд по 50 години ѝ се извини на Индијанката која беше исвиркана на Оскарите

Сачин Литлфедер и Марлон Брандо Фото: Printskrin/Wikimedia Commons/Profimedia

Помина половина век откако припадничката на домородниот народ Апачи, Сачин Литлфедер излезе на сцената на доделувањето на Оскарите во 1973 година за да објасни дека актерот Марлон Брандо не сакал да ја прими наградата поради начинот на кој Индијанците се прикажувани во филмовите. Американската Академија за филмски уметности и науки сега ѝ се извини за злоставувањето што го претрпела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💎💨 (@looksintime)


Од Музејот на филмот на американската Академија е соопштено дека на 17 септември Сачин Литлфедер (Малиот пердув), која сега има 75 години, ќе биде поканета на вечера на „разговор, исцелување и почит“, пренесува АП.

Објавувајќи ја одлуката за повикот на извинување кој е упатен до Сачин, Музејот на американската филмска академија ги пренесе зборовите на претседателот на Академијата Дејвид Рубин, кој напиша дека говорот на Литлфедер бил моќен јавен истап „која и денес нè потсетува дека човечкото достоинство мора да се почитува“.

„Злоупотребата што ја претрпевте поради вашата изјава беше неоправдана. Емоционалниот товар што го преживеавте и цената што ја платиле за уништената кариера во нашата индустрија се непоправливи. Предолго, храброста што ја покажувавте беше непризнаена. Поради ова ви нудиме наше најдлабоко извинување и го изразуваме нашето искрено восхитување“, напишал Рубин.

Сачин Литлфедер изјавила дека не верува дека ќе дојде денот кога Академијата ќе ѝ се извини, пишува „Би-би-си“. Таа додала дека е „длабоко охрабрувачко да се види колку многу се променило“ од времето кога пред 50 години јавно одби да го прифати Оскарот во име на Марлон Брандо поради начинот на кој Индијанците се прикажани во холивудските филмови.

„Не верував дека ќе го дочекам денот кога ќе ми се извинат. Ние Индијанците сме многу трпеливи луѓе. Па, поминаа само 50 години“, вели Литлфедр.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by merymantovani (@mery.mantovani)

Што се случило таа вечер на Оскарите?

Кога Марлон Брандо во 1973 година го освои Оскарот за најдобар актер за неговата улога во „Кум“, Литлфедер излезе на сцената во индијански фустан и мокасини од еленска кожа, со што стана првата Индијанка што го сторила тоа на најпрестижните филмски награди во светот.

Во говорот што траеше 60 секунди, таа објаснила дека Брандо не сака да ја прифати наградата поради „начинот на кој филмската индустрија се однесува кон Индијанците, староседелците на американскиот континент“.

Одредени гости во публиката тогаш ја исвиркале, а според зборовите на очевидци, холивудската икона Џон Вејн, кој таа вечер бил зад сцената, вриел од гнев, дури сакал и да ја избрка од сцената.

Литлфедер се сеќава дека поради нејзиниот краток настап на церемонијата на Оскарите во 1973 година, била изложена на долгогодишна дискриминација, потсмев и физички напади.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siobhan Marie Day (@siobsbhndy)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот