ВИДЕО | Хју Џекмен повторно прави бипосии за рак на кожа: Заштитете се од сонцето
Актерот Хју Џекмен објави дека повторно прави испитувања за детектирање канцер на кожа, по неодамнешниот лекарски преглед. Актерот морал да направи уште две биопсии откако неговиот лекар забележал „мали нешта“ на кожата, кои би можеле да бидат потенцијални канцерогени ткива, објави „Дејли мејл“.
Препорачано
Во 2017 година, на актерот му беа отстранети шест кожни канцерогени ткива на лицето во период од две години.
Џекмен се огласи на социјалните медиуми, каде зборуваше за својата здравствена состојба, предупредувајќи ги сите да одат на редовни лекарски прегледи и да се заштитат од сонцето.
„Здраво на сите. Сакав ова да го чуете од мене. Само што направив две биопсии. Резултатите ги очекувам во текот на следните неколку дена. Само да ве потсетам, ракот на базалните клетки е најбезопасен, но се надевам дека ова ќе ве поттикне да се заштитите од сонцето“, изјави Хју Џекмен.
View this post on Instagram
На актерот за првпат му беше дијагностициран рак на кожа во 2013, кога шминкерката на сетот на филмот „X Men“ го предупредила дека има грутка на носот, па по сугестија на неговата сопруга решил да го испита. Оттогаш лекарите шестпати му отстраниле канцерогено ткиво.


